Пирели размислува да ги поедностави гумите

Пирели размислува да ги поедностави своите гуми за следната година и да ги напрви полесни за менаџирање од страна на тимовите.

Многу екипи сезонава се мачат да ги довеат пневматиците во правилната оперативна температура откако италијанците воведоа гуми со 0,4 милиметри потенок гумен слој. Во Ферари сметаат дека токму поради гумите не може соодветно да ги предизвикаат Мерцедес сезонава, поради што работат на нови идеи како да донесат притисок врз тркалата за да гумите се загреат.

Марио Исола, шефот на Пирели, е свесен дека тимовите се мачат со оптимизирање на температурата на гумите, нешто што сака да се поедностави догодина.

сакаме следната година да се фокусираме ни да ја направиме оптималната работна температура на гумите поширока. во 2021 година ќе имаме 18-инчни тркала без ќебиња за загревање и треба да дизајнираме компоненти на кои нема да им биде потребно претходно загрвање и нешто што ќе има грип од 20 степени до 120 степени.

таквата работа ни дава големи можности за развивање на компоненти за 2021 година така што ако најдеме некое добро решение ќе го воведеме уште следната година, зошто да не.

ако најдеме компоненти со нова филозофија која работи многу полесно, тогаш ќе го воведеме тоа следната година со 13-инчните гуми и ќебињата кои ќе бидат дозволени. греачите не се проблем, туку почнувањето на повисока температура е проблемот – смета исола.

Италијанецот верува дека фокусирањето на работната температура на гумите е резултат на конкурентноста во Формула 1, така што пшерформансите на гумите може д анаправат битна разлика.

ако ја погледнете средината од поредокот имаме шест екипи во две десетинки една од друга и стана многу важноа, секоја илјадитинка е важна за да се направи разлика во квалификациската позиција или тркачкиот ритам.

поради тоа екипите се толку фокусирани на гумите затоа што ако ги користат на најдобар можен начин може многу да профитират. да се најдат толку драстични перформанси од мотор или аеродинамика е многу потешко.

  • Ц1 – 110 – 140 степени
  • Ц2 – 110 – 135 степени
  • Ц3 – 105 – 135 степени
  • Ц4 – 90 – 120 степени
  • Ц5 – 85 – 115 степени

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ