Пирели сакаат победи на Ферари

Шефот на Пирели, Марко Трончети Провера, се јави за прв пат по обвинувањата дека го фаворизираат Мерцедес.

Хелмут Марко од Ред Бул прв изјави дека гумите се тешки за сите освен за Мерцедес, но Марко Трончети Провера од Пирели призна дека тие како италијанци сакаат победа на Ферари.

Победите на Ферари се добри за Формула 1. Формула 1 нема смисла без силен Ферари.  Победнички Ферари ја прави Формула 1 подинамична.

Како италијанец победа на Ферари ми е блиску до срцето – се отвори провера.

Провера призна дека сака да го види Луис Хамилтон во Ферари.

Хамилтон е голем шампион и сите го сакаат него во нивниот тим. Тој има одличен болид во било кои услови.

Ферари бараат ревидирање на одлуката која ги чинеше победа во Канада но Провера не верува дека ќе се промени тоа.

Казната на Фетел нема да промени ништо иако имаше одлична трка. Мислам дека Ферари се на добар пат да се вратат кон победите. Иако изгубија во Канада тоа е силен сигнал за живот во Маранело.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ