Пирели сметаат дека ланските гуми нема да помогнат

Марио Исола, шефот на Пирели моторспорт, смета дека е погрешно да се претпостави дека едноставно враќање на старите гуми кои се користеа во 2018 година ќе ги решат проблемите на Формула 1 екипите сезонава.

Мерцедес доминира од стартот на првенството, најмногу благодарение на тоа што се единствена екипа на гридот која знае правилно да менаџира со гумите, а останатите екипи се жалат дека “прозорецот“ во кој гумите работат соодветно е многу тешко да се погоди. Некои отидоа до таму што бараат да се вратат старте гуми, иако формално барање сеуште не пристигнало на адреса на италијанците.

гумите се нови, но и болидите се нови, аеродинамиката е нова, а и потисната сила е разлилна споредена со лани. не сум сигурен дека ако се вратиме на ланската спецификација на гумите со новите болиди ситуацијата ќе се смени. не можеме едноставно претпоставиме дека старите гуми ќе работат со новите болиди – смета исола.

Еден од главните критичари на сегашната спецификација на гуми секако е Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко. Тој смета дека формална поплака не била направена пред почетокот на сезоната затоа што проблемот не можел да биде рпедвиден.

зимските тестови се одработуваат на многу ниски температури кои ги немаме во текот на сезоната. во тоа време луѓето не видоа за колкав проблем се работи и сметаа дека може да биде корегирано.

Проблемот со менаџирање и оптимизирање на гумите Исола смета дека е само обичен процес на учење, нешто што се случува секогаш коа се имплементира новина.

сите екипи се обидуваат да најдат најбрз начин да работат со гумите. некои се подобри во тоа и го наоѓаат начинот порано, а на други им треба повеќе време.

се додека производот е безбеден, издржлив, нема никакви пликови, прегревањето е многу ниско, ние сме задоволни. причината поради која не можем да ги модифицираме гумите во текот на сезоната е истата поради која екипите не може целосно да променат болид во текот на сезоната. ние не го контролираме нивниот развоен процес, тие се слободни и може да прават што сакаат – смета исола.

“Сребрените стрели“ победија на сите трки сезонава и се единствени кои се задоволни од пневматиците.

секако дека нашиот болид работи целосно различно во однос на првите три екипи затоа што ни недостасува 1,5 секунди, но ние сме задоволни од нашата работа и среќни со гумите. мислиме дека ги разбираме сите спецификации, тоа е техничлки предизвик и ние не гледаме никаква причина нешто да се менува во текот на сезоната – смета зек браун, првиот човек на мекларен.

мораме да бдеме претпазливи со она што го бараме, мораме точно да знаеме што сакаме пред да одлучиме да се вратиме на ланските гуми и потоа да почнеме да се жалиме и за нив. таа идеја не е паметна и треба да се соочиме и подобро да го разбереме ова што го имаме – смета гунтер стаинер од хаас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ