Пирели со нова тајна процедура за новите гуми

Италијанците од Пирели ќе користат нова, тајна тест процедура во нивната фабрика во Милано за да се осигураат дека нивните гуми за наредната година ќе имаат поширок работен опсег.

Повеќе тимови оваа година се жалеа дека гумите оваа година немаат доволно широк работен опсег, а Пирели се согласија да го прошират за наредната година. Развојот на гумите е веќе започнат, а Пирели бараат начин како да скријат која компонента се тестира. Марио Исола откри некои техники кои ќе ги користат во затворените тестирања на Пирели.

Тоа што ќе го правиме наредната сезона е редизајн на конструкцијата за да се зголеми нагазната површина и да се намали прегревањето.

Ќе направиме нови компоненти со нови состојки за да најдеме нови насоки.

Работиме со затворени тестирања за да најдеме како да го прошириме работниот опсег. Доколку го измериме опсегот на истите гуми на патеката со два различити болида ќе имаме различни параметри. Сакаме да го најдеме опсегот и да го направиме тоа на затворен тест. Тоа не е лесно за нашите колеги.

Новинарите од Исола се бараа повеќе информации за тестовите, но тој не сакаше да даде коментар.

Тоа се тајни информации. Важно е да се знае дека напорно работиме. Мора да се кријат информациите. Тоа е цел нов систем и процес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ