Пирели со своја анализа: Безбедносното возило донесе две застанувања

Шефот на Пирели, Марио Исола, изјави дека развојот на настаните на Шпанското Гранд При и појавувањето на Безбедносното возило, донело две менувања на гуми во текот на трката.

Безбедносното возило се појави во 46от круг по сударот на Ландо Норис од Мекларен и Ленс Строл од Рејсинг Поинт, по што следуваше влез во бокс по нови гуми за неколку болиди, меѓу кои и водечкиот и победникот Луис Хамилтон. Себастијан Фетел со своето ФЕрари и Макс Верстапен од Ред Бул беа единствени двајца кои и пред Безбедносното возило имаа променето два пати гуми.

безбедноносо возило кон крајот беше клучен момент на трката во однос на стратегијата со гумите. тоа донесе две промени на гуми кај сите и ги ресетираше заостатоците носејќи куса спринт трка на крајот.

од почетокот на трката изгледаше дека ќе гледаме различни стратегии со едно застанување, но не беше така – објасни исола.

Во продолжение, италијанецот смета дека едно застанување во боксот можеби ќе донело проблеми на крајот поради големото триење и абење на гумите предизвикано од природата на асфалтот во Шпанија. Гумите годинава имаа помал гумен слој, вид на пневматици како што се возеа на неколку трки и лани, а корекцијата беше направена поради подобрување на перформансите и безбедноста.

на крајот веројатно ќе беше многу тешко да се издржи со едно застанување затоа што софт и медиум компонентите доста се трошеа затоа што е ова ретка патека во однос на енергијата од асфалтот.

остануваме во барселона за вториот сезонски тест кога ферари и рејсинг поинт ќе имаат дополнителен болид на патеката и ќе тестираат гуми за 2020 година за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ