Победата е клучна за останување на Хонда во Ф1

Победата на Макс Верстапен за Ред Бул Хонда во Австрија може да се покаже како клучна за останување на јапонскиот производител во врвот на моторспортот по крајот на следната година.

Победата на холанѓанецот беше прва за мотор на Хонда од 2006 година кога за нив победи Џенсон Батон со фабричката екипа. Но и покрај јасниот и очигледе ннапредок, во Сакура сериозно се запрашуваа дали да продолжат со својот Формула 1 проект и да се посветат на останување во спортот.

Кон крајот на минатата година јапонците најавија дека успех со Ред Бул ќе биде клучен во нивните амбиции за подолг престој во Формула 1, особено откако во 2021 година доаѓаат на сила нови правила. Се посилни се шпекулациите дека аеродинамиката е онаа која ќе се менува, а моторите ќе станат поедноставни, но нема многу да се разликуваат од денешните.

Шефот на Формула 1 проектот на  Хонда, Масаши Јамамото, откри дек аво компанијата морале да бидат сигурни дека имаат шанса за успех пред да се обврзат на подолг престој во Формула 1.

новите правила секако дека ќе имаат удел врз нашата одлука поради тоа што незнаеме какво тркање следува во иднина, а новата регулатива може да ни ни оди во корист и мораме да ја земем во предвид.

формула 1 е врвна моторспорт категорија и мора во неа да се користи врвната технологија која е достапна. тоа е формула 1 – објасни јамамото.

Извршниот потпретседател на Хонда, Сеиџи Кураиши, патувал во Австрија на состанок со врвниот менаџмент на Ред Бул за да дискутираат за идната соработка и развојот на проектот. По трката, Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул откри детали за состанокот, но ништо дефинитивно.

имаше дискусии во текот на денот, а тука се и извршни директори од хонда. одлично беше што потпретседателот беше тука за да ја проследи првата победа на хонда во хибридната ера. перформансит ебеа одлични и сигурен сум дека уживал.

фактот дека моторот се доближува со перформанси до останатите во екот на стабилните правила само помага во носење на одлука за нивно останување.

Не треба да се потцени ни среќата која се читаше во изјавата на Главниот извршен директор на Хонда, Такахиро Хачиго:

останувам без зборови кога ќе помислам на огромниот труд од сите во хонда вклучени во овој проект кои секогаш веруваа во себе и никогаш не се откажаа, а целта беше постигната со победата.

сакам да им се заблагодарам на сите наши фанови. со нивна поддршка ќе продолжиме со предизвикот и ќе се движиме кон конечната цел, а тоа е титула и победа по победа. за секој иден успех мораме да им се заблагодариме на фановите кои се дел од нашиот тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ