Подобар квалификациски мод е следен чекор за Хонда

Хонда планира дополнително подобрување на моторот оваа сезона со кое цели кон подобрен квалификациски мод, следејќи по нивната прва победа во В6 турбо хибридната ера.

Новото партнерство со Ред Бул ја прекина сушата од подиуми за Хонда во Австрија. Верстапен се квалификуваше на трето место, падна на осмо по стартот, но со феноменално возење се искачи до врвот при директен дуел со Ферари.

Техничкиот директор на Хонда, Тојохору Танабе вели дека подобар квалификациски мод секако е следниот чекор, но смета дека напредок мора да се направи и во пакетот за трка.

Се обидуваме да го користиме моторот најагресивно што можеме. Не е лесно да се направи моментално подобрување, Но продолжуваме да развиваме, можеби со следното подобрување. Но не на следната трка!

Гледаме поголема разлика во квалификациите со останатите. Во трката заостануваме, но не колку во квалификациите.

Тоа значи дека следен чекор ќе биде да ги стигнеме во квалификациите, но не е лесно.

Ќе продолжиме да развиваме, да ги балансираме перформансите и издржливоста. Сакаме повеќе подобрувања во иднина во подршка со Ред Бул. Секако гледаме и кон наредната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ