Позицијата на Мекларен не е само поради болидот

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, смета дека моменталната позиција на неговата екипа како предводник во средината не е само поради перфомансите на нивниот болид.

Откако освоија 82 поени пред летната пауза, повеќе од севкупниот број на поени во 2018 година, Мекларен се пласирани на 4то место во поредокот, со двојно повеќе поени од петтопласираните Торо Росо.

Иако Торо Росо и Рејсинг Поинт имаа подобри индивидуални финиши годинава, Мекларен освои поени со двата болида на четири трки, додека нивните ривали во истото успеаја само во два наврати.

На 4то место сме што е одлично, но не е само до перформансите на болидот. Болидот е просечен помеѓу 4то и 6 или 7мо место.

Има други категории во кои сме прилично конкурентни, како стартовите, менувањето на пневматции, добрата стратегија, добри возачи, додека другите тимови се мачат повеќе. Ние сме постојано помеѓу 4то и 6то место, додека другите се повеќе горе-долу во формата.

Директорот за перформанси во Мекларен, Андреа Стела, вели дека МЦЛ34 е помеѓу 5те најдобри болиди во форма, а подобрувањата од скоро на Рејсинг Поинт им овозможија да се доближат до нив, Рено, Торо Росо, Хаас и Алфа Ромео.

Кога ги пресметувате перформансите, а не поените во првенството, не е резултатот на крајот на трката кој го одредува вашиот потенцијал.

Ние користиме многу мал простор во кој може да сместите 5 екипи. Можеби шест, бидејќи Рејсинг Поинт очигледно напредуваат.

Од гледна точка само на перформанси, тоа е мал простор, можеби 2 десетинки, така што веднаш сфаќате колку други фактори придонесуваат во освојувањето на поените. Мора да споменам концепт кој мене ми е многу важен – мора да бидете приземјени бидејќи не сме постигнале многу, сеуште.

Сеидл вели дека Мекларен се јасни во својата намера да го обезбедат 4то место во поредокот и смета дека тоа ќе биде почеток за продолжен напредок на тимот.

Ако сум искрен, многу е поважно тоа што направивме чекор напред годинава во споредба со претходната, ние имаме свои заклучоци, имаме наша визија како сакаме да пристапиме кон иднината и за мене е важно да го направиме следниот чекор со следниот болид, бидејќи споредено со претходниот болид, овогодинешниот е изработен во нормален тајминг од концептот до реалноста.

Секако дека сакаме да го освоиме 4то место, но за мене фокусот е многу поголем. Мора да ги донесеме правилните одлуки и вистинскиот чекор напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ