Познат доктор смета дека Шумахер го лечи срцето во Париз

Хирург близок до француската болница каде беше префрлен Михаел Шумахер минатата недела, не смета дека таму се вршат процедури врз мозокот на седумкратниот Формула 1 возач кој долго време е во кома.

Првичните шпекулации велеа дека Михаел е во болницата Europeen Georges-Pompidou поради експериментален третман со стим келии, по што се разгори надежта помеѓу фановите дека здравствената ситуација на возачот ќе се подобри.

Професорот Мишел Пуце кој според италијанска La Gazzetta dello Sport е експерт за таканаречените стим келии во мозокот и е близок до тимот кој во моментов е задолжен за здравјето на 50-годишниот поранешен Формула 1 возач. Доктор Пуцесмета дека во Париз се лечи срцето на возачот.

без да ја знам клиничката слика на пациентот тешко е точно да се каже за видот на здравствениот третман кој го добива. но, судејќи по местото каде е хоспитализиран и докторот кој е задолжен за него, не се работи за никаков третман на мозокот.

Тој откри дека експериментални третмани со стим келии во мозокот се вршени во Русија, а обиди имало и во Франција и Шведска, но европските биле на лимитот на предизвикување на Паркинсова болест.

резултатите беа интересн, но само за кусо време. колку што јас знам, нема студии за успешна апликација на стим келии при третман на повреди на мозок кај коматозни и вегетативни пациенти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ