Поради Зандворт, Спа ќе бара намалување на давачките

Организаторите на Белгиското Гранд При во Спа можно е да побараат на намалување на износот кој го плаќаат кон Формула 1 како резултат на додавање на трката во Зандворт за Холандското Гранд При во календарот за 2020 година.

Според белгискиот медиум, L’Echo, опцијата трка да се одржува во Холандија е причина за грижа за промотерите во Спа кои во последните неколку години се надеваат на многубројната публика за Макс Верстапен.

Спа ГП, компанијата која ја организира трката во Белгија, го обнови својот договор со Формула 1 минатата година за тригодишен период, за цена од околу 20 милиони евра годишно.

Само продажбата на билети не е доволна за да се покријат трошоците, а настанот минатата година забележи загуба од 7.5 милиони евра и зависи многу од субвенциите од локалниот Валун регион.

Сепак, според независна студија, економската активност од трката, проценета на 18.4 милиони евра, повеќе од доволно ги покрива трошоците.

Но, посебна клауза во договорот помеѓу Спа и Формула 1 го зема предвид и враќањето на Холандското Гранд При на календарот и дозволува белгиските промотери да бараат намалување на годишните давачки.

Организаторите исто така ги најмија и услугите на глобалната компанија Ernst & Young, да го евалуираат потенцијалниот економски ефект од присуството на Холандското Гранд При.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ