Поради Нетфликс, Америка ќе има рекордна публика

Шефот на Патеката на Америките, Боби Епстин, вели дека Американското Гранд При во Остин ќе има рекордна публика, а настанот добил на промоција поради успехот на серијалот на Нетфликс, “Drive To Survive“.

Во Ноември, КОТА ќе го одржи 8то Гранд При, а настанот со популарноста се очекува да стане најпопуларен настан во Формула 1 календарот.

Покрај трката во 2015 при тешки услови и неуспешниот обид да добијат јавна подршка од 25 милиони долари во 2018 година, КОТА е причината за успехот на Ф1 во Америка.

Мислам дека е јасно да се истакне дека Ф1 немаше да постои во Америка ако не изградевме патека како КОТА. Треба да погледнете се што направивме и како изградивме група на фанови. Пред тоа, продажбата на билети опаѓаше и беше тешко за било која трка да биде домаќин на Ф1.

Објект од врвна технологија, тешка патека за одлични трки и добар маркетинг со музички настани доведоа до зголемена продажба на билети за Американското Гранд при.

Но оваа година се очекува уште поголема бројка благодарејќи на промоцијата од Нетфликс и нивниот успешен серијал “Drive To Survive“ кој ја прикажа сцената во Формула 1 во 2018 година и од првиот момент стана хит помеѓу фановите.

Се движиме во насока според која ќе ја имаме најголемата гледаност до сега. Резервираните седиште веќе беа распродадени во Јули. Размислуваме каде може да воведеме нови трибини за повеќе фанови.

Постојат многу причини за тоа. Имаме музички настан кој навистина помогна, но факт е дека групата на фанови која ја создадовме е огромна.

Имаме добра историја, создадовме традиција за трката. Серијалот на Нетфликс беше од голема помош за американсите фанови во однос на продажбата на билети. Сите наши анкети на новите муштерии велат дека серијалот имал голем ефект и е голем бенефит за Ф1.

Навистина е генијално да се создаде тоа. Поради тоа беше понудено за време на викенд, со цел да донесе различни луѓе кон настанот, но серијалот на Нетфликс стигна до луѓе кои можеби никогаш немаше да бидат инволвирани.

Во однос на нашиот договор, мислам дека договор со пократок рок е подобар за двете страни, не сакате да бидете ограничени во нешто што можеби нема да ви се допаѓа во иднина.

Никогаш не може да знаеме како настанот или како спортот ќе еволуира следните неколку години. Тоа што може да кажам е дека ќе има Ф1 трка се додека патеката КОТА постои, тоа е бенефитот од изградба на постојана патека.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ