Поради новиот мотор, Рикардо нетрпелив за Монца

Даниел Рикардо изјави дека напредокот кој Рено го направил со својот мотор го прави возбуден да види што може пакетот да направи на ултра брзата Монца.

Последните години францускиот производител заостанува во однос на силата од моторот зад Мерцедес и Ферари, но се чини годинава тој заостаток драстично е намален. Иако силината на моторот не беше многу видлива во Белгија, Рикардо смета дека ќе има одлични перформанси во Италија.

дефинитивно напредуваме и луѓето го гледаат тоа во моќта на моторот која ја имаме сезонава. минатиот викенд во спа болидот доста лизгаше по правците што е добро и ни дава оптимизам во пресрет на оваа трка. возбуден сум што ќе се тркам овдека затоа што е трка во која секогаш уживам.

мислам дека ќе бидеме добри затоа што ова не е трка за која велиме дека нема да биде добра за нас. мислам дека ќе бидеме добри – најави дани.

Австралијанецот е свесен дека моќта од моторот била главна пречка за неговиот поранешен тим Ред Бул соодветно да нападне, но од сегашната перспектива е свесен дека сите во Енстон и Вири се силно фокусирани да напреднат.

сите тие години во ред бул се зборуваше дека проблем е моторо, болидот е совршен, проболем е моторото. но, годинава мислам дека рено многу се подобрија и треба само да го подобриме и болидот, односно шасијата.

во формула 1 аеродинамиката е многу важна работа како и потисната сила, но има и други работи како суспензијата која не е совршен. сепак, аеро и потисна сила се клучни.

може да имате многу потисна сила, но тогаш сте бавни на правците и тоа нема никаква смисла, потреба е оптимизација и ефикасност. погледнете што прави мекларен сезонава, тие имаат исто ниво на потисна сила со помал драг и така можат да задржат брзина на правците – посочи рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ