Поради промоција во Ферари, Фетел не бил на погреб кај Ники

Себастијан Фетел не беше присутен на погребот на Ники Лауда иако често изјавува дека е полн со почит за трикратниот првак.

Сепак, германски sport.de открива дека Ферари претходно закажале промоција на нивниот најнов суперавтомобил, што го спречило главниот возач на екиапта од Маранело да биде присутен на погребот во Виена.

Со целосно променета тркачка кацига за во Мона, Себ му оддаде почит на починатиот австриец.

На претходно закажан настан во Италија, Себ бил задолжен за претставување и промоција на новата СФ90 Страдале, патнички автомобил со врвна технологија наследена од овогодишниот Формула 1 болид на компанијата. Настанот почна со едноминутно молчење во чест на Ники кои во 1975 година и 1977 година освои титули со екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ