Поради своите коментари, Стаинер би можело да добие забрана за влез во падокот

Шефот на Хаас, италијанецот Гунтер Стаинер, може да добие драконска казна поради критиката кон комесарот на ФИА Емануел Пиро.

Неговиот возач Кевин Магнусен доби казна од 5 секунди додадени на неговото време во Русија и со тоа “падна“ од 8ма на 9та позиција. Стаинер за ова го обвини Пиро.

Доколку не беше глупавиот стујард ќе бевме осми – бесен беше гунтер преку тимското радио.

Критиката за Пиро го одзема вниманието на ФИА, а ова не е прв пат Стаинер јавно да ги критикува стујардите, поради што федерацијата веќе размислува за некоја од трите казни. Една од нив е 250,000 евра казна, друга е одземање на бодови на Хаас и трета е забрана за влез во падокот. Првите две казни би ги чинеле Хаас многу бидејќи може да изгубат од наградниот фонд на крајот на годината.

Доколку добир забрана за влез во падокот, Стаинер во падокот може да го чини тимот многу и тој ќе треба да ја следи трката од трибините. Мајкл Маси од ФИА изјави:

Наше е да си ја работиме работата и треба да се однесуваме со почит. Доколку нешто е несоодветно ние сме тука да превземеме акција и да казниме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ