Последен пат кога тројцата најдобри јуниори влегоа во Ф1 …

Џорџ Расел ќе вози за Вилијамс, Ландо Норис ќе управува со Мекалрен, а Александер Албон се враќа во Торо Росо со што тројцата најдобри јуниорски возачи од Формула 2 во иста сезона стануваат дел од врвот на моторспортот.

Расел ја освои Формула 2 титулата, додека Норис го мина Албон за 2ро место на последниот тркачки викенд. Голема реткост е тројцата прво пласирани од серијата која ја храни Формула 1 со возачи да станат дел од врвот на моторспортот, но се има случено. Откако ГП2 стана последното скалило пред Формула 1 и го превзеде приматот на Интернационалната Формула 3000 во 2005 година, само еднаш и тоа во 2009 година, најдобрите тројца станале дел на најпрестижната серија.

Таа 2009 година Нико Хулкенберг како ГП2 првак дојде во Вилијамс, второпласрианиот возач, русинот Виталиј Петров почна да вози со Рено, додека третопласираниот Лукас ди Граси стана дел од тимот кој кусо време опстојуваше, Вирџин.

Хулкенберг сеуште е активен и има шанса да стане рекордер со најмногу стартови пред да освои подиум, Петров беше првиот русин кој стигна до подиум, додека ди Граси стана сила во Формула Е и беше првак таму во 2016/17 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ