Потребни се грид девојки во Зандворт

Некои холандски политичари сакаат да ги вратат грид девојките во Формула 1 во моментите кога е најавено враќањето на трката во Холандија.

Либерти Медиа минатата година ги забрани грид девојките поради критиките за навреда на семејните вредности за кои се бори Формула 1. Манекенките се појавија последен пат во Монако, а сега возачите се придружувани од деца. Пратеникот Рој ван Алст изјави:

Одлуката на ФИА е еден обид за женска патронизација. Грид девојките припаѓаат на гридот и тие се дел од Формула 1.

Само идиот може да каже дека убава жена е проблем. Останатите луѓе го сакаат тоа. Тоа е дел од моторспортот и ние сакаме да ја вратиме оваа традиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ