Почна ли Мерцедес да покажува дефекти ?

За време на Големата награда на Канада, се појавија првите знаци на проблеми со издржливоста на В10 болидот на Мерцедес.

Целосно новиот мотор во болидот на Ленс Строл изгоре поради дефект уште на саботната сесија во пресрет на квалификациите, а во Недела се појави голем проблем со хидрауликата во болидот на Луис Хамилтон.

Германски Auto Motor und Sport дознава дека проблемот со истекување на масло од хидрауликата бил воочен по квалификациите, додека три часа по крајот на трката луѓе од ФИА го проверувале целиот систем во болидот за да се осигураат дека деловите кои биле променети се идентични се претходните, согласно парк ферме правилата во спортот.

Кога Луис Хамилтон се обиде да го загрее својот Мерцедес пред стартот на трката на загревачките кругови пред редењето на гридот, се активираше anti-stall системот во истиот, моторот изгасна, а болидот застана во место. Ова се случи откако механичарите неуморно од утрото работеа на отстранување на моторот и поправање на проблемите.

Рено побарале од ФИА да ја појасни радио пораката помеѓу Луис Хамилтон и неговиот тим во врска со проблемот и дали тоа што било сработено е легално.

ФИА не ги казни Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ