По втората сесија, Саинз подготвен да се врати во реалноста

Карлос Саинз беше презадоволен со пласман на 4то место во Т2 во Канада, но очекува во саботните сесии да се врати во реалноста.

Екипата од Вокинг донесе нови подобрувања за седмата трка, вклучувајќи и нов под и изгледа дека тие нови делови функционираат одлично откако шпанецот ја заврши сесијата само 0.376 секунди позади најбрзиот Леклер.

Се функционира според планираното.

Исто така пробавме и некои експериментални работи на болидот. Повеќе тимови ги менуваат предните крила, менуваат се само за да го најдат оптималниот баланс, а има многу за анализа и да дознаеме што функционираше, а што не.

Среќен сум со тимот што експериментира, пробуваат работи, тоа значи дека сакаме да се движиме напред и токму тоа сакам да го видам.

Можеби имавме една од најдобрите петочни сесии до сега во сезоната. Сеуште не верувам дека сме четврти најбрз болид, дефинитивно верувам дека сме првите три екипи. Можеби во саботните сесии ќе се вратам во реалноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ