По загубената судска битка, Рич Енерџи добија и судска наредба

Логото на Рич Енерџи, главниот спонзор на Хаас Ф1, нема да се појавува повеќе на нивните болиди откако судовите во Велика Британија произнесоа неколку наредби против производителот на енергетски пијалоци.

По првичното сослушување минатиот месец, логото на Рич Енерџи беше отстрането од болидите на Хаас во Канада. По дополнително сослушување на Судот за Интелектуална Сопственост во Лондон, беше одбиено барањето на Рич Енерџи да ја понудат својата жалба до Апелацискиот Суд за првичната пресуда.

Дополнителните судски наредби со кои се соочија Рич Енерџи се следните:

  • Со судска забрана ефективна од 18ти Јули, Рич Енерџи не смее да ги наштетува авторските права на Вајт Бајкс и нивното лого. Поради тоа, тие нема да бидат во позиција да го користат логото со еленски рогови на ниту еден производ.
  • Рич Енерџи побараа 3 месечно одложување на оваа забрана. Судот ја одби и им дозволи само 3 недели.
  • На Рич Енерџи им е наредено да ги испорачаат сите производи кои ги прекршуваат авторските права, или ако преферираат, да ги уништат истите до 1ви Август.
  • Логото на Рич Енерџи и трговската марка во Велика Британија се сметаат за невалидни ефективно од 18 Јули.
  • Рич Енерџи треба да ја прикаже целата глобална продажба на енергетски пијалоци, како и во Велика Британија, кон Вајт Бајкс, на кои е истакнато логото.
  • Рич Енерџи треба да исплати 35,416 фунти кон Вајт Бајкс во рок од 14 дена.
  • Ако Рич Енерџи и Вајт Бајкс не успеат да се договорат за штетата по прекршувањето на авторските права, судот ќе понуди своја естимација.

Рич Енерџи сепак може да ги обжали овие наредби до Апелацискиот Суд пред 18 Јули. Официјалниот потпис на овие наредби од судијката Мелиса Кларк ќе биде обезбеден во Понеделник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ