По заминувањето на Розберг, Алонсо бил контактиран од Мерцедес

Фернандо Алонсо изјави дека зборувал со шефот на Мерцедес, Тото Волф, како можна замена за Нико Розберг откако германецот го напушти тимот.

Двократниот шампион повторно победи на 24 часа Ле Ман, но не успеа да победи на Инди 500 за да ја оствари својата желба, односно да стане втор возач кој стигнал до тројната труна во моторспортот.

Тој бил контактиран од Мерцедес во 2016 година во екот на неговата втора сезона за Мекларен откако Розберг го шокираше Формула 1 светот со раното пензионирањето веднаш откако ја освои шампионската титула.

Во минатото имав контакт со Мерцедес. Во 2016 година, откако Нико Розберг се пензионираше зборував со Тото Волф, но не постигнавме согласност – откри нандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ