По казните, Рено биле ранливи на инциденти на првата кривина

Сирил Абитебул, првиот човек на Рено, смета дека казните во пресрет на стартот на трката доделени на Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг ги оставиле ранливи на инциденти на првата Ла Сорс кривина поради тоа што се наоѓале во гужва од многу болиди.

Нико кривината ја мина многу широко избегнувајќи болиди, додека Рикардо имаше судар со Ленс Строл по што мораше во бокс уште во првиот круг. Австралијанецот не влезе повторно по нови гуми, н одеградацијата му го уништи ритамот кон крајот.

имавме добар ритам на квалификации, но планираните казни не оставија ранливи на инциденти кои често се случуваат на првит екривини во средината од поредокот. за жал така беше и на спа.

нико успеа да ги одмине остатоците, но мина прешироко и загуби неколку позиции, додека даниел беше удрен од позади и паѓаше во поредокот поради дупната гума – појасни абитебул.

Шефот на Рено смета дека штетата од почетокот на трката го чинела Дани половина секунда по круг и бил импресиониран што тој долго време возел во поени.

побаравме од рикардо да се грижи за своите гуми по промената и тој тоа го правеше на многу добар начин со оглед на условите во кои се наоѓаше и значителното оштетување на неговиот болид кое го чинеше полоивина секунда по круг.

нико успеа да надомести неколку позиции, но медиум гумите кај него не траеја долго, потоа заглави во гужва и променивме на софт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ