По новиот договор со Мерцедес, Ботас се чувствува многу подобро

Валтери Ботас откри дека се чувствува многу подобро откако си ја обезбеди својата иднина преку нов договор со Мерцедес откако пред летната пауза неговото место во тимот од Бракли “визеше во воздух“.

Финецот ја почна сезонава со две победи на првите четири трки, исто колку и неговиот колега и по толку настани водеше во проедокот поради најбрзите кругови. Но, на следните осум трки не победи, додека Луис имаше шест победи во тој период и во моментов Валтери заостанува 63 поени во поредокот.

не можам да кажам дали преговорите околу новиот договор го одвлекле моето внимание, но можам да кажам дека ми е полесно и дека ќе има разлика. невозможно е каже како некои работи ќе влијаат или не.

познавајќи се себе, јас сум подобар кога работите се средени и ништо не ме вознемирува и не ми го одвлекува вниманието така што дефинитивно сега ми е подобро одошто пред паузата – објасни ботас.

Иако Хамилтон доминира по Баку, Валтери константно освојува подиуми и се повлече само во Германија каде заврши во оградата при тешки услови.

би било убаво да знам дали неколкуте грешки кои ги направив имале некакво влијание, како на пример онаа во хокенхајм. искрено, кога излетав воопшто не размислував дали имам договор или не и како тоа ќе влијае.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ