По поразот во Монца, Хамилтон ќе го промени пристапот

Луис Хамилтон откри дека ќе го промени начинот на кој се трка во однос на тоа што е прифатливо во Формула 1 дуелите, откако беше поразен од Шарл Леклер во Италија.

Актуелниот првак сметаше дека младиот возач на Ферари не му оставил доволно простор при еден дуел во пресрет на шиканата Роџиа по што тој мораше да мине крај патеката и да се врати на истата. Откако на почетокот на сезоната возачите бараа да им се дозволи “машко“ тркање, Леклер не доби казна туку само предупредувачко црно-бело знаме, односно жолт картон кажано со фудбалски жаргон.

Првичниот коментар на Луис беше дека стјуардите не се константни во своит еодлуки за исти инциденти, но откако преспа дополни дека му станало јасно што е прифатливо и дека во иднина ќе го промени својот сил на возење.

не гледам некаков проблем. ако такво тркање е дозволено, тогаш и јас ќе се тркам на тој начин. се додека знам дека не мора да оставам простор за болидот крај мене,е ќе го правам тоа. ништо не е контрадикторно, немаме јасна порака и сметам дека ни е дозволено да го правиме тоа и да добиеме само предупредувачко знаме.

потребен ви е само еден таков маневар за да го задржите болидот зад вас и се додека е чисто, останувате напред и тоа е одлично. подобро знам како да одам во битка, исто е за сите возачи – појасни хамилтон.

ФИА работеше заедно со возачите и тимовите на анализа на претходни инциденти за да стане јасно што се бара од тркањето и како казнит еда не бидат толу жестоки. Поентата е тркачките инциденти да минуваат без казни туку само со опомена во вид на црно-бело знаме.

ако тоа е дозволено, тогаш тоа е начинот на кој треба да се тркаме. треба да се остави простор, но тоа гледам дека не е случај и правилата стануваат нејасни. одлично е што ќе може посилно да се тркаме и да имаме силни битки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ