По проблемите во Барселона, Мекларен загрижени за Монако

Карлос Саинз вели дека потешкотиите на Мекларен на трката во Шпанија покажале слабост во бавните свиоци, а истите мора да се решат пред следната трка во Монако.

Иако шпанецот успеа да заврши на осмата позиција, тој вели дека работите не биле толку едноставни, а Мекларен губеле премногу време во последниот сектор од патеката.

Изгубивме многу, Немавме форма, Се мачевме многу во последниот сектор. Задниот дел на болидот не постоеше.

Даниел Рикардо беше позади мене и се мачев во последниот сектор со задниот дел и ветерот. Немав никакво чувство во болидот. Потоа, по безбедносното возило, имавме добра стратегија и ја искористивме секоја можност да ги претекнам двата болида на Торо Росо, еден Хаас и Рикардо.

Научивме дека мора да се подобриме при ниска брзина во последниот сектор. Не бевме силни. Тоа е се. Мислам дека балансот не беше правилен, мора да го провериме тоа. Мора да откриеме зошто немавме форма во тој дел.

Мислам дека ќе имаме шанси како и во Шпанија. Го немавме правилниот баланс во последниот сектор и тоа не чинеше во квалификациите и во трката, но ќе го анализираме сето тоа.

Во Баку, при ниска брзина, немавме проблеми. Проблемот беше само во Шпанија – анализира карлос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ