По проблеми со хидрауликата, Норис се борел до крајот

Мекларен сметале дека Ландо Норис ќе бил приморан да се откаже од трката во Франција поради проблем со хидрауликата, поради кој морал да се бори да опстане до крајот на трката.

Норис го помина поголемиот дел од трката на седмо место позади Карлос Саинз, но хидрауличниот проблем го примора да забави во последните 20 кругови.

Ландо изгуби позиции од Даниел Рикардо, Кими Раиконен и Нико Хулкенберг поради проблемот, но официјално заврши на 9то место поради казната од 10 секунди доделена на Рикардо.

Болидот беше многу тежок за возење, прилично непредвидлив. Беше непостојан при менување во повисока брзина, а пониските брзини беа ужасни. Серво управувачот почна да откажува, а потоа имав проблем и со тракцијата и со диференцијалот.

Многу проблеми кои не се убави и на крајот не чинеа седма позиција. Фрустрирачки е бидејќи ќе беше убаво да стигнеме до шесто и седмо место како тим, го заслуживме тоа викендов.

Целиот ден помина добро, освен проблемите на крајот. Мислам дека мојата форма во трка беше добра. Бев во рамки на 2 секунди до Карлос цела трка. Немаше поента да ризикувам и да ги уништам пневматиците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ