По промоцијата на Мајами, организаторите во Остин се загрижени

Шефот на Патеката на Америките во Остин, Тексас, Боби Епстеин, верува дека е неизбежно трката да претрпи финансиски последици доколку Маја влезе во Формула 1 календарот согласно планот од 2021 година.

Шефовите на спортот постигнаа договор со организаторите во Мајами за потенцијална организација на трка за две сезони, така што САД би имале две трки во календарот, нешто што Либерти Медиа го посакува од самото превземање на спортот.

првата година ќе биде болна за нас, а потоа имслам дека ќе бидеме во ред. тешко е да се организира трка “од нула“, а уште потешно е долгорочно да се одржи. никој не може да суди за успехот на една трка по првата година затоа што секогаш деби трката е гужва и полн погодок.

тешко е да се организира се, но уште потешката работа следува по неколку години во 3та, 4та или 5та година од постоењето кога има некои кои се понови и поатрактивни од вас.

сите знаат дека во овој спорт може да се загубат многу пари, ние бевме многу загрижени околу тоа по 2та и 3та година од организацијата, но убаво е да се види дека добро стоиме и одлично ни оди – појасни епстеин.

Главниот организатор на трката е свесен дека во иднина ќе има и други можности за нови трки во Северна Америка, нешто што Либерти многу често го најавуваат дека потенцијалот на тој континент е голем, а има само една трка.

Епстеин додаде дека продажбата на влезници за овогодишното Американскот Гранд При е одлична и иста како и за време на премиерната трка пред седум години.

одлично е да се види колку многу луѓе се враќаат на патеката повторно да ја гледаат трката. мислам дека имаме многу луѓе кои се фанови на настанот повеќе одошто на спортот.

голем дел од растот на посетеноста се луѓе кои ја гледаа нетфликс серијата посветена на формула 1, тие се огромен дел од оние кои прв пат ќе се појават на патеката.

имаме и фанови кои се јадро на спортот, а тоа се половина од оние што доаѓаат, а половина се оние кои го сакаат настанот, фестивалите и се што се случува околу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ