По разочарувачки крај во Спа, Норис повторно во поени во Италија

Eдна недела од разочарувачкиот крај на Белгиското Гранд При за Ландо Норис, возачот се врати во поени во Италија, со пласман во топ 10 по шести пат сезонава.

Норис ќе го имаше најдобриот резултат годинава во Белгија, на петто место, но во последниот круг откажа неговиот мотор. Во Монца беше уште потешко поради грид казните со кои стартуваше од 16та позиција.

Трката беше солидна земајќи предвид од каде стартував, но секогаш сакате повеќе. Немавме среќа, влеговме во бокс за да го поминеме Перез, но потоа се појави виртуелното безбедносно возило и тој беше повторно пред мене, а се пласираше на крај на седмо место.

Не велам дека ќе завршев таму, бидејќи тие имаа подобра форма од нас, но можевме подобро. На крајот, не бевме толку добри, успеавме да ја завршиме трката и да освоиме поен. Тоа беше добро по викендот во Белгија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ