По совршената Канада, Рено цели кон врвната тројка

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, вели дека совршениот викенд во Канада е основа за нив да продолжат во иста насока во 2019 година и да се одделат од средината. Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг се пласираа на шесто и седмо место во Монтреал.

Рено стигна до првиот двоен финиш во поени во 2019 година, со силни перформанси, со кои Рикардо стартуваше од 4то место на гридот. Проблеми со издржливоста ги оневозможија Рено, но Абитебул вели дека фокусот сега е кон подобрување на РС19, почнувајќи од домашната трка на Пол Рикар.

Ова беше добар тимски резултат, најдобар што можевме да очекуваме, не враќа во играта и многу сме блиску до Мекларен.

Добро е бидејќи е викенд во кој немавме проблеми, Поради тоа гледаме што е возможно и за што сме способни.

Искрено, се беше совршено, без грешки, без инциденти. Ова е основа и пример за тоа што следува. Помалку е фрустрирачки кога знаете дека имате перформанси, но не и форма да се борите со врвните тимови. Но мора да бидеме среќни со резултатот.

Мора да го искористиме овој резултат и да се фокусираме на наредниот, но очигледно многу не очекува за Француското Гранд При.

Мора да ги искористиме тие подобрувања на добар начин. Ќе имаме тестови. Тоа треба да ни ги даде саканите податоци, што ќе биде предност пред средината, така што се фокусираме на среден и долг рок и ќе продолжиме со развојот и со подобрување на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ