По сударот од Баку, Рикардо се плашел од реакцијата во Рено

Даниел Рикардо бил претпазлив кога се соочувал со колегите од Рано по глупавиот судар кој го имаше додека го возеше болидот во “рикверц“ во Баку по дуелот со Даниил Квјат.

Оштетувањето од сударот, иако беше при мала брзина, значеше два оштетени болиди кои не беа во состојба да се тркаат.

не сакав да гледам снимка од сударот, но во понеделник вечерта ја погледнав. кога сте во таква позиција и правите таква грешка, секогаш сметат дека ќе изгледа полошо одошто чувствувате. да бидам искрен некако како да се смирив кога го изгледав видеото од камерата во болидот.

погледнав во ретровизорот, погледнав само во десниот кога дани беше лево од мене. кога се повлеков од трката отидов веднаш во делот за медиумите. видов дека паничев и сакав да се вратам во “рикверц“ и да се вратам на патеката колку што можам побрзо – појасни рикардо.

Австралијанецот призна дека многу брзо се помирил со несреќата, но во одреден момент се плашел од одговорот од страна на Рено.

во понеделник веќе другарите почнаа да ме зезаат, а потоа ја видовн снимката, така што во вторник беше во ред.

бев во вири во понеделник и навистина бев претпазлив со тоа како ќе реагираат моите колеги, но почувствував дека ми простиле и одиме понатаму.

во вторник веќе бев во енстоун и се соочив со сите што беше одличен лек за ситуацијата во која се најдов – објасни рикардо.

Рикардо има финиш во поени само на една трка од вкупно извозените четири, така што разочарувањето е големо поради тоа што сударот беше направен додека се бореше за 10то место и поен од Баку.

бев вознемирен затоа што сметав дека сум ја “свртел“ трката во своја корист по така тежок викенд. почувствував дека сме брзи и имаме ритам со што ќе придонесев во моралот на екипата.

можеме да си честитаме и да се храбриме по трката, но наместо тоа ние имавме наведнати глави, а јас е чувствував одговорен за таквата ситуација.

секако дека чувствувам одговорност да ја кренам формата на екипата, имав можност за тоа, но не ја искоситив. мислам дека разочарав.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ