По сударот со Леклер, Верстапен загубил 25% од потисната сила

Макс Верстапен се откажа од Јапонското Гранд При во 15от круг како последица од сударот со Шарл Леклер при кој загубил 25% од потисната сила на својот РБ15 болид.

Холанѓанецот ги мина Леклер и Хамилтон од надворешниот дел на патеката, но 2та кривина беше тесна, а Ферари пролизга во него и удри во страничниот дел, извртувајќи го крај патеката. За сударот, Леклер доби казна од 5 секунди.

имавме огромно оштетување на подот и тој загуби 20-25% од потисната сила на болидот. немаше никаква поента од “возикање“ наоколу само поради броење километри и го паркиравме болидот во гаража за да го заштитиме моторот – објасни кристијан хорнер, шефот на екипата.

Првично, ФИА одлучи да не спроведува истрага за контатот на Верстапен и Леклер, но потоа се “пишманија“ и одлучијада прегледаат се по крајот на трката. Потоа, Шарл доби 5 секунди казна за сударот и 10 секунди казна поради тоа што комплетирал круг со оштетен болид и ја нарушил безбедноста во трката.

мислам дека стјуардите беа во право што одлучија да го погледаат инцидентот ззаатоа што на патеката имаше доволно место за двајцата, макс беше очигледно напред – смета хорнер.

На последните трки ФИА дозволува посилно тркање и не казнува толку често за инциденти од првите кругови.

им даваат повеќе да се тркаат, но понекогаш работите одат предалеку. штета затоа што ќе миневме два болиди уште на стартот и ќе беше интересно да се бориме со леклер и хамилтон за врвот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ