По ударот од Квјат, Норис се плашел дека ќе се преврти

Откако доби силен страничен удар од Даниил Квјат и неговото Торо Росо во 6та кривина од првиот круг во Кина, Ландо Норис се плашел дека ќе се преврти со својот болид.

Русинот се бореше за позиција со двајцата возачи на Мекларен, најпрво имаше контакт со Карлос Саинз, а потоа удри и во Ландо Норис. МЦЛ34 на британецот се крена на две тркала, слета на сите четири, по што оштетување имаше на предното крило, но и на подот. Ландо продолжи, но кон крајот на трката се откажа.

мислев дека целосно ќе се превртам, бев само патник и немав контрола врз ништо. можев само да чекам и да се надевам на најдобро. доста време летав низ воздухот, го гледав небото и повторно слетав и имав јасен видик дека сум на патеката.

кога повторно помислив што се случи морав да го контролирам дишењето и да земам здив. бев во шок и дефинитивно не беше воопшто убаво – објасни ландо.

За ваквиот инцидент, КВјат доби минување низ боксот и два казнени поени на својата лиценца. Норис смета дека казната е оправдана.

не знаев дека квјат е тој кој имаше контакт со мене, а претходно и со карлос. стјуардите сметаа дека е негова вина и јас ги поддржувам. јас и карлос бевме во тој момент надвор од трка, а можевме до двојни поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ