Прегреаните сопирачки виновни за лошата трка на Гасли

Пјер Гасли, возачот на Ред Бул, имаше лоша трка во Канада во која мораше константно да менаџира со сопрачките и нивната температура.

Французинот почна од 5то место на гридот откако “за влакно“ беше победен од Даниел Рикардо во борбата за вториот ред. Надежта на Гасли како единствен возач во К3 на Ред Бул беше голема, но не донесе некој особен резултат.

Пјер заврши на 8мо место на крајот, тргна на софт обидувајќи се преку бокс да го мине Даниел Рикардо во 7от круг со монтирање на хард компонентата. Но, гумтие веднаш не дојдоа до својот оптимум, така што заглави зад Рено, а пред него помина и Нико Хулкенберг кој подоцна менуваше. Половина трка мина во обид да менаџира со високата температура на своите сопирачки.

беше тежок ден, но болидот беше добар иако не сум воопшто задоволен од финишот. очекувавм да бидеме посилни од ова. со топлината моравме да го штедиме моторот и сопирачките по што имавме тешка трка. се мачевме со другите болиди, ги штедевме сопирачките кои не забавуваа и сакавме да завршиме доста погоре – објасни гасли.

Следна трка од календарот е домашната за Гасли, Француското Гранд При на кое сака да се покаже пред своите фанови. Исто така се надева дека конечно ќе биде на новото на неговиот колега.

мораме да анализираме се и да видиме каде можеме да се подобриме, но мроа напорнао да работиме пред следната трка. се надевам дека ќе најдеме повеќе ритам и ќе бидеме многу посилни на следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ