Претседателот на Бразил потврди дека во Рио ќе има Ф1

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, изјави дека Рио де Жанеиро има 99% шанса д биде домаќин на Формула 1 трка од 2021 година како замена за Сао Паоло.

Болсонеро веќе најави дека државата и градот ќе се вклучат во проектот за конструкција на нова патека која ќе биде дизајнирана од Херман Тилке. Претседателот се сретнал и со Гувернерот на Рио, Вилсон Витзел и Извршниот директор на Формула 1 и разговарале за плановите на Бразил.

нема да ја загубиме формула 1. договорот на сао паоло истекува следната година и одлучивме да ја задржиме трката во рио де жанеиро. имаме 99% шанси за тоа, можеби и повеќе така што трката ќе биде во рио – изјави болсонаро за Globo.

Жаир го потсети и Гадоначалникот на Сао Паоло, Жоао Дориа, да мисли на цел бразил, а не само на неговиот град.

медиумите пренесуваат дека тој ќе се кандидира за претседател во 2022 година така што мора да почне да мисли на бразил, а не само на неговиот регион.

Чејс Кери изјави дека преговорите се во тек, а условите за нов договор на Бразил ќе бидат договарани.

ја разгледуваме можноста за продолжено присуство на бразил на календарот од 2021 година и не сакаме да елиминираме никого затоа што преговорите со рио де жанеиро и со сао паоло се во тек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ