Проблематичната ДРС зона на Силверстон повеќе ја нема

Контроверзната и проблематична ДРС зона која се наоѓаше на првите две летечки кривини во Силверстон и беше дел само од ланската трка, нема да биде во функција на годинешното издание на Британското Гранд При.

Патеката се враќа на само две ДРС зони каде возачите може да го активираат системот за намалување на драг силата и со тоа дополнително зголемување на брзината. Лани организаторите и ФИА експериментираа со три ДРС зони, а проблематичната беше онаа од излезот на последниот свиок се до точката на кочење за 3та кривина се со цел да се подобри и зголеми бројот на претекнувања.

Голем дел од болидите немаа доволно потисна сила која би ги задржала на патеката за да со отворен ДРС минат низ летечкиот десен Аби свиок, а Роман Гросжан и Маркус Ериксон завршија во ѕид откако не успејаа на време да го затворат ДРСот. Луис Хамилтон зоната ја опиша како многу непотребна и опасна.

Годинава, традиционално, една ДРС зона ќе има на правецот Велингтон, а друга на правецот Хангар. Ланскиот избор за контроверзната ДРС зона, тогашниот Директор на трка, Чарли Вајтинг, го бранеше како дополнителен избор на возачот дали сака да мине тау со отворен ДРС или не. На крајот Вајтинг призна дека претекнувањето не било како што се надевале.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ