Проблем со моторот ја уништил трката на Хулкенберг

Нико Хулкнберг се пошегува дека бил изненаден што освоил поени и покрај многуте проблеми со кој се соочуваше на Британското Гранд При.

Тој имаше проблем со гумите откако имаше контакт со Серхио Перез, а при крајот имаше проблем со моторот. Германецот влезе во топ 10 откако го престигна Александер Албон од Торо Росо.

Мислам дека ни останаа малку поени, но мислам дека ја погрешивме стратегијата бидејќи застанав доцна и имав проблеми со гумите.

Безбедносното возило не беше добар момент за мене и на рестартот го удрив Чеко и подоцна изгубив позиција од Кими поради проблем со моторот.

Изгубив сила во моторот на правецот. Не беше добро. Навистина е изненадувачки што освоив поен – објасни хулк.

Рено имаа подобрено темпо споредено со Австрија, а Хулкенберг се надева дека дополнително ќе се подобрат.

Австрија беше проблем бидејќи не работеа надградбите и не бевме конкурентни, Но имавме блиска борба со Мекларен, Торо Росо, АЛфа Ромео и Рејсинг Поинт. Мислам дека имаме сеуште надградби и ќе напредуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ