Промена во стилот на возење му помогнало на Луис да победи

Луис Хамилтон откри дека смирување на неговиот агресивен стил на возење му помогнало да стигне до победа на Кинеското Гранд При.

Британскиот актуелен првак го превзема водството во генералниот проедок кај возачите од својот колега преку својата 75та победа во кариерата откако го мина Ботас на самиот старт од трката.

во текот на викендот на болидот не му одговараше начинот на кој го возев по патеката. секогаш сум бил брз овдека и мојот стил одговарал на патеката. но последните две години гумтие не се такви и болидот не е таков така што често губев многу перформанси.

морав да бидам многу динамичен и да го променам мојот природен стил на возење на одреден начин. тоа го сфатив на крајот од квалификациите, а продолжив да го спроведувам на трката. штом дојдов во водство, бев покомотен и можев да продолжам да возам онака како што сакам и како што сум навикнат – објасни хамилтон.

Актуелниот првак беше воодушевен што 1.000та трка во Формула 1 историјата донела уште една 1-2 победа за Мерцедес.

немавме многу чист и доминантен викенд, но дојдовме до фантастичен резултат за кој сите работеа многу напорно. не знаевме како ќе се носиме со ферари затоа што беа многу брзи на последната трка.

валтери беше брз цел викенд, направи одлична работа и денеска и заедно дојдовме до 1-2 победа која е многу посебна поради јубилејната трка.

задоволен сум што напредував и го подобрив болидот во сите области. не е важно ако не сте совршен се додека се подобрувате што јас и го правев. работата не престанува, имаме уште 18 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ