Промовирана новата Алфа Ромео С38

Алфа Ромео го претстави својот болид пред почетокот на тестирањата во Барселона, откако минатата недела искористи тест ден во Италија давајќи му можност на Кими Раиконен за прво возење.

Откако Заубер се ребренраше во Алфа Ромео, болидот има повеќе црвена и бела боја споредено со минатата сезона. Новиот болид С38 има агресивно предно крило и дополнителен агресивен концепт на носот кој внесува повеќе воздух.

За првото појавување на патеката Заубер користеа посебна љубовна шара за да го обележат денот на вљубените, но и за да го потенцираат Квадрофолио брендот на Алфа Роемо.

Раиконен ќе ги започне тестирањата за Алфа Ромео во Барселона додека неговиот колега Антонио Џовинаци за прв пат ќе седне зад воланот во вторник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ