Прост: Ни олесна по резултатот во Монца

Советникот на Рено и член на Бордот на директори, Алан Прост, изјави дека тимот заслужил силен резултат во Италија, но и дека притисокот им се намалил и многу им олеснало по 4то и 5то место за силни двојни поени.

Даниел Рикардо заврши на 4то место, а Нико Хулкенберг беше зад него за вкупно 22 поени од оваа трка, приближувајќи се на Мекларен кои од Монца си одат само со еден поен на Ландо Норис. Минатите шест трки момците од Енстон имаа освоено само 15 поени.

Исто така, Националниот автодром беше првото место каде фабричката екипа го дебитираше својот мотор од Ц спецификација кој покажа ветувачки перформанси.

имаше неколку трки каде пропуштивме поени иако имавме одлична можност за тоа. така беше во монако и во спа каде немавме добар ритам или губевме на стартот. можебе подобро, тимот е одличен, многу се работи, а по овој одличен резултат притисокот е драстично намален.

имавме тежина затоа што моќта од моторот не беше на ниво на кое сметавме дека ќе биде годинава, а знаевме дека тоа ни треба за да фатиме приклучок до челната тројка. во моментов малку заостануваме, но денеска бевме на местото на кое припаѓаме и одиме чекор по чекор.

мора да бидеме објективни и ако не сме блиску до целта да продолжиме да работиме затоа што на крајот на денот се обидуваме да направиме шампионска екипа – смета прост.

Францускиот четирикратен Формула 1 првак ги пофали момците од одделот за мотори во Вири за последната спецификација која се покажа драстичен напредок во однос на својот претходник.

докажавме дека со моторот можеме многу, многу подобро. кај шасијата сеуште треба да поработиме особено кога имаме одредена филозофија на болидот кој е тешко да се смени во текот на сезоната.

момците од вири направиле неверојатна работа годинава. ако се сеќавате каде бевме и колку заостанувавме, перформансите и издржливоста годинава се исклучителни.

има некои трки на кои сме подобри, малата потисна сила повеќе ни одговара, трки каде моторот е важен исто така се добри за нас, нешто што не беше лсучај во минатото.

не знаеме како ќе биде на патеки како сингапур или русија, ќе видиме до каде сме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ