Прост открива: Моравме да го откачиме негативниот Хулкенберг

Советникот на Рено, Алан Прост, смета дека било многу важн отимот да не ја продолжи соработката со негативниот Нико Хулкенберг.

Фабричката екипа во пресрет на Големата награда на Белгија откри дека Естебан Окон ќе му биде партнер на Даниел Рикардо во 2020 година. Германецот Хулкенберг ја одработува својата 3та сезона во екипата, но често се жали на неконкурентниот болид, а Прост сака мотивирани возачи за догодина.

ќе ни биде тешко во рено следната година и поради тоа беше важно да донесеме мотивиран возач. не сакаме песимисти во тимот и поради тоа го одбравме окон кој е мотивиран по една година пауза од тркање.

нико е доста негативен, но за некои работи беше во право. сепак, сакаме да гледаме напред и не можеме да дозволиме негативни работи од возач особено затоа што следната година ќе биде клучна за нас – откри прост.

Четирикратниот Формула 1 првак откри дека екипата веќе размислува за 2021 година кога ќе има целонсо нови правила, така што следната не очекуваат некои одлични резултати.

да бидам искрен, ќе се фокусираме на 2021 година. како резултат на тоа следната година ќе биде тешка и мачна за нас.

новите правила доаѓаат во 2021 година и нема смислам да се развиваме следната година. ќе направиме многу промени и се надеваме новите правила да ги искористиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ