Прост: Трите први екипи се недостижни за нас

Алан Прост заклучи дека првите три екипи во овогодинешното првенство годинава се недостижни за Рено.

Формула 1 легендата е советник на француската фабричка екипа, а цел на тимот од Енстоун сезонава беше доближување до топ тимовите.

мораме да бидеме реални и да признаеме дека во моментов трите најдобри екипи се недостижни за нас. се обидувамеда се доближиме – објасни прост за француски Canal Plus.

Рено силно напредуваа со својот мотор сезонава, но издржливоста е проблемот што сега ги мачи.

мораме да се развиваме и напредуваме, но во исто време и да мислиме на издржливоста. сеуште имаме уште 1-2 трки кои ќе бидат тешки за нас, но ситуацијата ни се подобрува.

Во врска со двете екипи од чело на поредокот, Мерцедес и Ферари, Прост смета дека се “воени машини“.

тие имаат многу повеќе ресурси и мнгу повеќе персонал од нас, така што мораме да бидеме паметни и штедливи, иако штедењето не е во правилата.

болидот ни е подобрен, но и тие се подобруваат и тоа побрзо од нас. знаеме дека мораме да бидеме посилни во тој дел за да ги стигнеме.

имаме многу работи во тек и ќе видиме како ќе го надоместуваме заостатокот. немаме проблеми во развојната програма освен дека издржливоста на почетокот од сезоната не е како што сакаме. од друга страна перформансите се одлични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ