Пукнатото задно крило донесе драма во Ред Бул

Ред Бул открија дека драмата пред почетокот на Британското Гранд При била предизвикана од пукнатина откриена на страничнит еделови од задните крила кај двата болиди на тимот.

Последните подготовки пред почетокот на трката во Силверстон беа во тек, а механичарите на тимот неверојатно брзо работеа на промена на страничните делови од крилата кај Макс Верстапен и Пјер Гасли пред да биде означен стартот.

Работата беше сложена затоа што согласно парк ферме правилата, потребна беше дозвола од ФИА пред да може да биде извршена промената.

еден од механичарите при рутинската проверка најде пукнатина на задното крило на макс и побаравме дозвола да го промениме. следуваше инспекцијата кај пјер каде видовме дека иста пукнатина почна да се појавува на истото место. побаравме дозвола за промена на двете крила и го направивме тоа – појасни кристијан хорнер.

Страничните делови беа променети со иста спецификација, а механичарите нанеле и посебен лепак за да пукнатината не се појави во текот на трката. Гасли и Верстапен ја завршија трката без никакви проблеми, иако тимот треба темелно да испита како се појавиле пукнатините.

Природата на Силверстон значеше дека преголемите брзини при летечките кривини даваат ставаат огромен притисок врз деловите од болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ