Пјетро Фитипалди: Научиме многу од првиот тест

Пјетро Фитипалди смета дека Хаас научиле многу околу својот болид за време на првиот ден од тестот во Барселона, во кој тој извозе 103 кругови.

Фитипалди, кој е официјален тест возач на Хаас, имаше седмо најбрзо време, со 1:18.326, 2.8 секунди побавно од кругот на Валтери Ботас, но внукот на двократниот шампион, Емерсон Фитипалди, смета дека тоа бил добар ден во болидот.

Беше добар ден со многу километри. Болидот работеше добро, беше издржлив, благодарен сум на тимот за одличната работа.

Целосно го искористивме денот тестирајќи различни рабти, а и формата беше добра, навистина сум среќен за тоа. Беше добра и во кратките и во долгите стинтови, а балансот одличен.

Дефинитивно ќе научиме многу од сето тоа. Ова беше одличен ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ