Развојот на РБ15 ќе еволуира годинава

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека фокусот на тимот е кон еволуција на РБ15 во 2019 година.

Мерцедес можеби исчезнаа пред сите на чело, но битката на Ред Бул сега е со Ферари, во која тие моментално се во предност. Макс Верстапен ги раздели ги двата црвени болиди во квалификациите и со пласман на трето место во трката, додека во возачкиот е пред Себастијан Фетел.

Мислам дека се работи за еволуција. Хонда направија добар напредок, издржливоста споредена со претходните години е фантастична, а перформансите силни, но секако и другите не мируваат.

Ферари донесе нов мотор, Рено имаше подобрување, Мерцедес во Монтреал сигурно ќе донесе нов мотор, така што нашите конкуренти не стојат во место, но ние сме среќни со напредокот кој го правиме.

Мислам дека сеуште не сме во оптимална ситуација од таа во која сакаме да бидеме со новите правила и пневматици, но мислам дека Шпанија беше чекор напред и се надевам дека ќе следи повеќе од истото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ