Раиконен воопшто не го интересира рекордот за бројот на стартови

Пред неговиот рекорден старт на 321то Гранд При во Австрија годинава, Кими Раиконен вели дека нема никаков интерес кон бројките, туку едноставно ужива во тркањето.

Финецот дебитираше во Формула 1 во 2001 година со Заубер, помина една година со екипата, а потоа премина во Мекларен и потоа во Ферари. По пауза од 2 години во која се тркаше во рели автомобили, тој се врати во Формула 1 во 2002 година со Лотус, а потоа повторно премина во Маранело.

Сепак, кога Ферари објавија минатата година дека нема да го обноват неговиот договор и потпишаа со Шарл Леклер како негова замена, прашање беше дали тоа е крајот на Раиконен во Формула 1.

Не беше. Тој потпиша со Алфа Ромео, поранешен Заубер. Со тоа Раиконен е на пат да стане најискусен Формула 1 возач кога ќе го сруши рекордот на Баричело на годинешното Австриско Гранд При. Но за него, тоа не значи ништо.

Никогаш не сум бркал бројки. На крајот, тоа е само бројка. Дури и да е 20 илјади, не прави никаква разлика. Ако ништо друго, не гледам колку трки сум возел.

Го правам ова бидејќи сакам тоа да го правам и кога нема да сакам, ќе престанам. Немам никаков интерес кон бројките.

Ако е 10 повеќе или помалку од некој друг, тоа нема да диктира што ќе правам јас. Кога чувството ќе се промени, ќе правам нешто друго и така ќе функционира понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ