Раиконен: Едноставно немавме никаква брзина

Кими Раиконен од Алфа Ромео изјави дека неговиот болид немал никаква брзина овој викенд иако тој направи грешка во првиот круг.

Финецот стартуваше од 14та позиција после тешките квалификации каде двата болида не стигнаа до К3. Раиконен беше еден од петте возачи кои се обидеа да стартуваат на медиум гуми и да ја поминат трката со едно застанување што можеби ќе беше успешно доколку не направеше грешка и излета во песокот.

Беше лизгаво на медиум и речиси се извртев во третиот свиок. Се обидов, но задниот дел не работеше како што треба и успеав да поминам со излетување во песокот. ми требаше време да се вратам назад – објасни искусниот возач.

Со тоа тој заврши на крајот од колоната и подоцна се префрли на хард гуми. По појавувањето на безбедносното возило тој промени на софт гуми, но немаше корист од тоа и на крајот заврши на 14та позиција на истата од која тргна и изјави дека со нетрпение го чека тестот. Тој ќе го дели болидот со возачот од Ферари академијата Калум Илот.

Добро е што имаме два дена за тестирање. Треба да видиме какви проблеми имаме. Ова беше тежок викенд за нас. Многу разочарувачки но ќе се обидеме да ги свртиме работите.

Ова е прва трка сезонава на која Раиконен не освојува поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ