Раиконен: Немам поима, ниту сум прашал што очекува Алфа од мене

Кими Раиконен истакна дека притисокот да успее во Формула 1 е од него, а не од тимовите за кои вози.

Шампионот од 2007 година премина во Алфа Ромео во зимскиот период, тимот за кој дебитираше во 2001 година, тогаш познат како Заубер. Запрашан дали чувствува помалку притисок возејќи за Алфа Ромео одошто за Ферари, Раиконен го истакна следното:

Не чувствувам притисок од тимовите за кои возам. Дефинитивно тие сакаат да работите напорно и очекуваат да имате добри резултати. Знам што очекуваат од мене, тие ме ангажираа поради некои очекувања, но јас очекувам многу повеќе од себе отколку другите. Среќен сум кога работите се движат во добра насока, но секогаш сакам подобро.

Никогаш не почувствував во Ферари или друга екипа во која сум бил, дека треба да направам нешто невозможно, или дека сум под притисок. Притисокот е мој, но дефинитивно и тимовите очекуваат нешто од мене.

Што очекува Алфа Ромео, немам поима. Не сум прашал и тие директно ми немаат кажано “ова мора да го направиш“.

Мислам дека тоа не е во правилно, бидејќи можеби очекуваат да бидам на седмо место, но ако сум на седмо место, нема само да седам таму и толку. Ќе се обидам да го максимизирам сето тоа до крајот, а тогаш кои и да е резултатот, тоа е најдоброто што сме можеле. Што друго може да направиме?

39-годишниот финец вели дека е тешко за новата екипа да постави цели за 2019 година поради транзицијата, откако се пласираа на осмо место во конструкторскиот поредок лани.

И јас сакам да постигнам добри резултати. Знаеме дека големите екипи се големи, но имаме добра група на луѓе, ги имаме алатките да произведеме добри болиди и да ги подобриме.

Очигледно сакам тимот да се движи напред. Каде ќе стигнеме? Не знам и никој друг не знае. Ќе дознаеме во иднина и ќе видиме дали сме среќни или не.

Целта е да бидеме што подобри. Уживам во тркањето, очигледно сакаме да победиме и да се бориме за титула, но до каде ќе стигнеме, како екипа, веќе знаеме што да очекуваме. Дали сме среќни? Дали некогаш ќе бидеме среќни? Не знам.

Имаме реални цели пред нас каде сакаме да бидеме и мислам дека моментално ако функционираме правилно до најмалиот детал, сигурно може да бидеме на шесто место.

Раиконен инсистира дека начинот на кој пристапува кон тркачките викенди не е поинаков споредено со неговото време во Ферари, иако приметил разлика со тоа што живее поблиску до базата на Алфа Ромео во Хинвил, Швајцарија.

За мене лично, полесно е, бидејќи кога треба да одам до фабриката е многу полесно. Тоа е можеби најголемата промена за мене, има помалку медиуми, помалку работа со спонзорите. Но рано е, не знам како ќе се одвиваат работите годинава и претпоставувам дека никој не знае.

Но тој дел никогаш не е поинаков, во минатото во сите екипи во кои сум бил, беше слично. Дали е поопуштено годинава? Можеби, но работата е иста во трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ