Раиконен нема објаснување за формата на Алфа Ромео

Кими Раиконен нема објаснување за “збунувачката“ и променлива форма и перформанси на неговата Алфа Ромео во Јапонското Гранд При.

Раиконен стартуваше од 13то место, но не успеа да напредува во 53ти кругови, а на крајот се пласираше на 14то место, без поени за својот тим на петта трка по ред.

Кими остана без зборови со недостатокот на грип во првиот дел од трката, кој наеднаш се подобри по второто влегување во бокс.

Ова дефинитивно беше досаден ден. Не знам зошто, но во првите два стинта немав грип во предниот дел, но немав ни во задниот.

Откако преминавме на софт пневматици болидот беше прилично добар и бев 3 до 4 секунди побрз наеднаш. Малку е збунувачки. Се надевам ќе го најдеме одговорот. Имавме различни аеро пакети на двата болида викендов и се надевам ќе откриеме што функционира и дека ќе се вратиме таму каде што припаѓаме, во поени.

Тимскиот шеф, Фредерик Васур, ја истакна слабата форма, истакнувајќи дека Алфа мора да го најдат решението не проблемите со постојаноста.

Пристигнавме на трката надевајќи се дека ќе бидеме во топ 10, а на крајот не успеавме да се бориме за поени уште од почетокот.

Покажавме подобра форма во завршницата на софт пневматици, така што ќе мора да ја анализираме ситуацијата и да го испорачаме истото ниво во текот на цела трка.

Во толку тесна средина, мора да го извлечеме најдоброто од нашиот болид постојано, инаку конкуренцијата ќе биде подобра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ