Раиконен бара спас во новите подобрувања

Кими Раиконен вели дека новите делови кои ќе бидат воведени на Француското Гранд При би требало да одговараат на целите на Алфа Ромео, додека се обидуваат да ја надминат тешката форма.

Раиконен како возач на Алфа Ромео започна со четири последователни финиши во поени со што тие водеа во средината од поредокот, но од тој момент нивната форма опадна.

Алфа Ромео имаа проблеми со температурата во Шпанија, додека по одлични перформанси во тренинг сесиите во Монако, во квалификациите формата беше очајна.

Беше тежок викенд, немавме доволно брзина и очигледно немавме совршена трка.

Кога бевме на 12то или 13то место, во тој момент веќе не ме интересира дали ќе завршам на таа позиција или последен … ништо не добивате за тоа. Во некои кругови беше подобро, во други имаше недостаток на грип, не беше постојано.

Се надевам за следната трка дека ќе имаме нови елементи и ќе продолжиме напред.

За жал ни недостасуваат некои мали работи, кои не зависат од нас, некои неповрзани работи. Мора да се подобриме, да вршиме подобра работа и мора да притискаме, да носиме нови делови за болидот да биде повторно брз.

Ќе работиме побрзо, но следните неколку трки нема да бидат лесни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ