Раиконен ја откри разликата помеѓу Алфа Ромео и Ферари

Кими Раиконен смета дека нема премногу разлика во неговите перформанси за Ферари и за Алфа Ромео, освен што ужива повеќе во дуелите на средината, одколку тие на врвот.

Минатата година беше објавено дека финецот ќе замине од Ферари по 10-годишна кариера во тимот, а Шарл Леклер беше најавен како негова замена покрај Себастијан Фетел. Како дел од договорот со Леклер, Раиконен се врати во екипата во која ја започна својата Формула 1 кариера, Заубер, сега Алфа Ромео.

Тој инсистира дека не се промениле многу работи во однос на тоа како се трка, но е мотивиран од битките во средината со екипи како Мекларен, Рејсинг Поинт, Рено и Хаас.

Мислам дека има повозбудливи битки во неколку трки бидејќи тимовите во средината се многу поблиску едни до други. Барем има активности на бркање, но севкупно, од гледна точка на работа, многу не се променило.

Работата не е поинаква. Во суштина, го правам истото, не е важно во која екипа сте.

Во трките, мислам дека имаше неколку добри дуели. Ако е како во Монако, заглавени сте пред некој, бидејќи и покрај добрите дуели, тоа не е добра патека за тркање. Не би рекол дека многу работи се промениле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ