Ралф смета дека притисок врз Ферари е огромен

Ферари треба да победи во Барселона доколку сакаат да продолжат со борбата за титулата. Тоа е мислењето на германецот Ралф Шумахер кој смета дека притисокот врз тимот е огромен.

Имаат голем потенцијал, но носат погрешни одлуки дали техничи дали возачки и тој не е искористен.

Прво мислам дека грешките на Фетел се проблем и поради тоа немаат резултат. Неговиот колега му го загорчува животот.

Леклер е како ветер зад него и добива многу самодоверба од трка во трка. Фетел мора да биде подобар и да даде се од себе во Барселона – смета ралф.

Но Ферари не треба да биде загрижен само од Мерцедес, туку треба да внимава и на Ред Бул.

Ред Бул имаат голема надградба овој викенд и Верстапен може да изненади. Ферари имаат најдобар болид, но Мерцедес се целосен тим и со одлични возачи. Поради тоа Ферари не смее да погреши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ